Ердоган предизборно вети народни кафулиња со бесплатни колачиња
![Ердоган предизборно вети народни кафулиња со бесплатни колачиња](https://gdb.rferl.org/770E7680-8D63-4038-9014-99F01F4772C4_cx6_cy20_cw82_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во предизборната кампања за предвремените избори на 24 месецов, вети отворање народни кафулиња низ земјата со бесплатни кафе, чај и слатки, објави германската новинска агенција ДПА.
„Млади и стари ќе доаѓаат таму, ќе читаат книги и ќе добијат бесплатно слатки, чај и кафе“, изјавил Ердоган на митинг во Хатај.
Турскиот претседател во март годинава оцени дека кафеаните „не се места за коцкање, туку за читање книги“.