Советниците на Трамп во напад на Трудо: Ќе оди во пеколот секој кој забива нож в грб
„Тој одржа прес-конференција и рече дека САД се навредливи, дека Канада мора да се брани, дека ние сме го предизвикале проблемот со таксите иако и самите имаа огромни такси. Трамп нема да дозволи Трудо да го малтретира во пресрет на неговиот самит со водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун“, изјавил Кадлоу.
Покрај Кадлоу, остра критика за Трудо упати и трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, кој во изјава за „Фокс њуз“ рече: „Постои посебно место во пеколот за секој лидер кој лошо се однесува кон претседателот Трамп“.
