Александар Василевски Нинџа, баран за крвавиот четврток, се предал во Судот
„Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во негово отсуство и согласно тоа решение е уптен во истражниот затвор Скопје“, ја објави МИА потврдата од Кривичниот суд.
Александар Василевски - Нинџа повеќе од пет месеци беше во бегство.
