Во Црна Гора продадени луксузни станови за биткоини
Како што пишува весникот „Вјести“, во договорите за недвижностите како вредност е наведен износ од 2,5 милиони евра, што во овој случај претставува даночна основица.
Стратекс груп кон крајот на минатата година најави дека ја прифаќа дигиталната валута како валидно средство за плаќање со кое може да се купат недвижности, но и да се плаќаат услуги во нивните хотели и ресторани.
