Владика Антониј: БПЦ не може сама да ја признае МПЦ, тоа е и политичко прашање
![Владика Антониј: БПЦ не може сама да ја признае МПЦ, тоа е и политичко прашање](https://gdb.rferl.org/D77FB560-18BA-4448-8930-2E7428A58EA6_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Бугарскиот митрополит Антониј денеска, во интервју за новинската агенција БТА, изјави дека прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква треба да биде уредено заеднички од сите православни цркви, а Бугарската православна црква не може да ја признае еднострано.
Митрополитот вели дека ова прашање е повеќедимензионално, односно дел од него е политичко.
„Има ред други прашања, кои се чисто политички и се однесуваат на името на Република Македонија, така што ова прашање е сложено и не може да биде решено во кус рок и да се забрзува. БПЦ кога носи важни одлуки, не се раководи од инерцијата на секојдневнитето или пак од нечија политичка волја, туку пред се од канонските правила и традициите на Православната црква“, вели Антониј.