Заев: Се надевам на договор утре
Заев не откри повеќе детали околу можниот договор, поради како што рече принципиелниот однос кон другата страна, но истакна дека желба за решение има од двете страни.
„Наша конечна цел е да дојдеме до фер договор, кој ќе биде заснован на факти и кој ќе не стави на заедничка маса со западноевропските земји“, изјави Заев.
Премиерот го потврди веќе познатиот став дека без решение на спорот за името нема членство во НАТО и ЕУ. Тој повтори дека по евентуалниот договор за кој ќе се согласат двајцата премиери на Македонија и Грција, ќе следи процес на информирање на сите политички чинители во земјата, а чекорите на имплементација на договорот ќе бидат координирани заедно со грчката страна.
