СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека Македонија извезува струја
„Од почетокот на оваа година, вкупно се продадени 170 илјади мега ват часови и обезбеден е приход од над 8,7 милиони евра. За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија, а во 2016 година пак продадени биле само 16.000 мегават часови, што е за 10 пати помалку“, се вели во соопштението на СДСМ.
