ЗНМ: Новинарите не ѝ се непријатели на полицијата
Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена на подобрување на безбедноста на новинарите за време на критични настани, во организација на ЗНМ, МВР, со поддршка на ОБСЕ.
Селмани нагласи дека обуките за безбедност на новинарите за настани од висок ризик се заедничка заложба на ОБСЕ, ЗНМ и МВР за да се изградат институционални механизми за безбедна работа на новинарите.
