Телефонскиот разговор Заев - Ципрас завршен
![Телефонскиот разговор Заев - Ципрас завршен](https://gdb.rferl.org/B711240D-8719-4E95-8B98-4E6DF72B0072_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Во 18 часот по локално време грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас во претседателската палата ќе го информира Прокопис Павлопулос за телефонскиот разговор со македонскиот премиер Зоран Заев.
Според информациите од Атина, македонскиот и грчкиот премиер веќе го оствариле телефонскиот разговор закажан за попладнево.