Столтенберг по поздрави договорот за името
![Столтенберг по поздрави договорот за името](https://gdb.rferl.org/6B946A14-F6AF-4539-A4E8-782E1C546C0A_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави договорот за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Ги повикувам двете земји да го финализираат договорот постигнат од двајцата лидери. Ова ќе го стави Скопје на патот кон членство во НАТО, а тоа ќе помогне да се консолидираат мирот и стабилноста на поширокиот регион на Западниот Балкан“, се наведува во реакцијата на Столтенберг.