Седумдесет отсто Французи сметаат дека Трамп е агресивен и опасен
![Седумдесет отсто Французи сметаат дека Трамп е агресивен и опасен](https://gdb.rferl.org/42786FF1-62B8-491B-9878-317DF108357F_w800_h450.jpg)
Иако по Самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се очекуваше рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп значително да порасне, најновата анкета направена за францускиот весник „Фигаро” и за „Франс енфо“, 80 отсто од Французите сметаат дека Трамп е „агресивен, опасен и расист“, објавија француските медиуми и западните новински агенции.
Анкетата, што ја спровеле Институтот Одокса и компанија Дентсу консалтинг на 13-ти и 14-ти јуни, веднаш по самитот во Сингапур, покажала дека само осум проценти од анкетираните Французи изразиле позитивно мислење за претседателот на САД.
„70 отсто од анкетираните Французи сметаат дека самитот на Трамп и Ким во Сингапур бил комерцијален идека тоа нема да го врати мирот во североисточна Азија“, покажала анкетата.