ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги погази државните и национални интереси на Македонија
Зоран Заев недостоинствено ги погази државните и национални интереси на Република Македонија, одлучувајќи да прифати промена на уставното име, да ја проблематизира националноста и да се откаже од историјата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на објавата на македонскиот премиер дека е затворено важно прашање со јасно признаен идентитет на македонската нација.
„Заев прифати отстапки и обврски само за Република Македонија. Тој планира со просто мнозинство да изгласа во Собранието штетен договор кој подразбира менување на Уставот за што е потребно двотретинско мнозинство. Пред само еден месец, Заев тврдеше дека барањата на Грција за проѓена на Уставот и називите на институциите се обесчестување. Сега без срам, од владината говорница најави дека на влезот ќе го сменел написот и ќе ја преименувал во Влада на Северна Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ во пишаното соопштение.