Песков: Што ќе прават Русинките на Мундијалот не е работа на Кремљ
![Песков: Што ќе прават Русинките на Мундијалот не е работа на Кремљ](https://gdb.rferl.org/95BC0E88-503E-442C-8441-7C244D6D273B_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Русинките се најдобри жени во светот и тие сами ќе одлучат што ќе прават, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го повикот на Претседателката ка Комисијата за семејни прашања при Државната дума, Тамара Плетнјова, „Русинките да немаат сексуален однос со странци за време на Мундијалот, а ако веќе мораат тоа да го направат со некој од својата раса“.
„Кремљ нема никаква врска со оваа тема, а што се однесува до руските жени, тие ќе одлучат за себе, тие се најдобрите жени во светот “, ја објави „Вашингтон пост“ изјавата на портпаролот на Кремљ, Песков.
Плетнјова пред почетокот на Мундијалот изјави дека Русинките мора да внимаваат, бидејќи во Русија расте бројот на самохрани мајки.
„Дури и ако се случат бракови по такви ситуации, девојките не знаат како да излезат од нив. Потоа доаѓаат плачејќи во мојата комисија, им се одземаат нивните деца и така натаму“, рече Плетнова пред почетокот на Мундијалот во Русија.