Пратеник на Сириза зборуваше македонски во грчкиот Парламент
![Пратеник на Сириза зборуваше македонски во грчкиот Парламент](https://gdb.rferl.org/4446A536-580F-493B-B10E-5901978546D4_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Јорго Урсузидис, пратеник на владејачката Сириза, на денешната собраниска дебата на која се расправаше за недоверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас, во својот говор се обратил и на македонски јазик, објавија грчките медиуми.
„Драги пријатели од Република Северна Македонија, како што се договоривме, време е да го оставиме назад тоа што не разделува и да гледаме напред со тоа што е заедничко, со соработка и со љубов“, рекол Урсузидис со изразен дијалект кој, според некои од медиумите, потсетувал и на бугарскиот јазик.
Неговото обраќање на македонски јазик било поздравено со аплауз од неговите сопартијци.