Потпишување на договорот за името во недела, брифираа од Владата
![Потпишување на договорот за името во недела, брифираа од Владата](https://gdb.rferl.org/19BDC721-C701-46F3-8AF0-D022066FE209_w800_h450.jpg)
Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името ќе се потпише во недела, брифираа од Владата, по неколкуте верзии што денес ги пласираа и македонските и грчките медиуми.
Настанот ќе биде поделен на два дела - едниот е потпишувањето на договорот што ќе се случи на грчка територија, а вториот е средба и ручек на македонска територија.
Договорот ќе го потпишат министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Точната локација и време на потпишување на договорот ќе се знае утре по 18 часот.