Фудбалската ѕвезда Роналдо осуден за затајување данок
![Фудбалската ѕвезда Роналдо осуден за затајување данок](https://gdb.rferl.org/10B1393D-DA73-4890-9E15-AB3A18E58201_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Фудбалерот на Реал Мадрид и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е осуден на условна казна затвор од две години и ќе плати казна од 18,8 милиони евра поради затајување на данок.
Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра. Роналдо нема да оди во затвор, доколку не го повтори делото во следните две години.
Роналдо пресудата ја дочека во пресрет на првиот меч на неговата репрезентација на Мундијалот во Русија.