Протест во Струмица против рудникот „Иловица-Штука“
По завршувањето на протестниот марш со реакција се огласија од компанијата „Еуромакс ресоурсис“ која е концесионер на рудникот. Оттаму соопштија дека рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство.
