Ѕанакопулос: Конечно се најдоа двајца лидери кои ставаат крај на спорот
![Ѕанакопулос: Конечно се најдоа двајца лидери кои ставаат крај на спорот](https://gdb.rferl.org/23CB55F1-B3D2-4457-961D-CE6FBE7C9E0D_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
„Конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот“, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.
Според него, со договорот, се затвора векот на големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации. Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, тој порача дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.