Продолжија протестите пред Собрание против договорот за името
![Продолжија протестите пред Собрание против договорот за името](https://gdb.rferl.org/A64C16B3-195D-4292-BE24-0FC1A0636DB3_cx0_cy15_cw0_w800_h450.jpg)
Протестите пред Собранието во Скопје против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција продолжија и денеска. Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.
Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Грција во Псарадес. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуаат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. По церемонијата делагициите од Македонија и одГрција ќе имаат средба и заеднички ручек во Отешево.