Грчкиот Парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас
![Грчкиот Парламент не изгласа недоверба на владата на Ципрас](https://gdb.rferl.org/4424B806-3077-4413-906F-92D16303061B_w800_h450.jpg)
Грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Од вкупно 300 пратеници, 127 гласаа за и 153 против. Во фокусот на расправата на пратениците беше договорот меѓу Грција и Македонија за решавање на спорот за името.