Временска прогноза - Сончево, попладне дожд и грмежи
![Временска прогноза - Сончево, попладне дожд и грмежи](https://gdb.rferl.org/1B80D8FC-5DCE-4F96-A411-E7EA9033C4B1_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.
В понеделник ќе дува засилен ветер, а поголема нестабилност ќе има во западните делови, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник повторно се очекуваат поројни врнежи, но условите за нестабилност ќе бидат помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе биде за неколку степени посвежо.