Малески – Со договорот за името се извлековме живи
![Малески – Со договорот за името се извлековме живи](https://gdb.rferl.org/8a16e6df-5195-43d9-839f-59c01fa64fd7_tv_w800_h450.jpg)
Никому не му е пријатно од промената на името, но од таа емотивна ситуација треба да се извлечеме свесно и да тргнеме во една нова ера за поубава и просперитетна земја. Од таа убавина ќе се компензира тоа што сега го дадовме под концесија, вели Денко Малески, универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи,во неделното интервју на Радио Слободна Европа.