ВМРО-ДПМНЕ во Битола маршира против договорот
![ВМРО-ДПМНЕ во Битола маршира против договорот](https://gdb.rferl.org/3B37C8D8-4EB0-4ED3-B4A4-8DC5E3D71D59_w800_h450.jpg)
Во Битола во тек е протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор со името. Маршот го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
На протестот учествуваат пратеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.
Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.
Протесниот марш во Битола почна пред спортската сала во Битола, а маршот ќе се движи преку Широк Сокак до Домот на културата се до споменикот на Гоце Делчев.