Мигрантска криза може да се заостри, предупредува Курц
![Мигрантска криза може да се заостри, предупредува Курц](https://gdb.rferl.org/89758F4E-2CDB-4432-8B4C-74DA14B91DEE_w800_h450.jpg)
Постои опасност од натамошно заострување на мигрантската криза поради спорот околу политиката за доделување азил во Германија, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој соопшти дека Австрија се подготува за враќање на мигрантите од границата на Германија, мерка за која се залага, како што рече, и германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер,
„Мораме да бидеме подготвени на зајакнување на националните контроли на гранците во Европа, започнувајќи од Германија“, додаде Курц.