Бејли: Вандализмот не е демократија
Американскиот амабасадор во Македонија Џес Бејли, коментирајќи ги обвинувањата на противниците на Договорот со Грција, за американско мешање, зиајави дека „одлуките во врска со договорот за името се во надлежност на Македонија и Грција и дека САД од секогаш го поддржувале разрешувањето, но крајната одлука не била на САД“.
„Сега се постигна одреден компромис, поради кој вие го изразувате вашето незадоволство и нормално е двете страни на различен начин да бидат незадоволни поради компромисот. Луѓето во секоја демократија имаат пртаво на мирен протест и секако имаат право да го изразат своето несогласување со одредени одлуки“, рече Бејли и додаде дека „вандализмот и насилството не се дел од демократското право“.