Кормак: САД се загрижени поради руското влијание на Балканот
![Кормак: САД се загрижени поради руското влијание на Балканот](https://gdb.rferl.org/742C83C1-C597-465A-BD76-E29E2823A536_w800_h450.jpg)
Американската амбасадорка во Босна и херцеговина, Морин Кормак, во интервју за порталот Кликс.ба, предупредува дека „моменталната политика на Русија е јасно дефинирана како закана за националната безбедност на САД, а таа констатација се однесува и на руското влијание на Балканот“.
„Нас не загрижува дека тоа што го гледаме тука е малигно руско влијание. Често се чини дека Русија е повеќе фокусирана на нестабилноста и на спречувањето на напредокот на БиХ. Таквите тенденции ширум светот ги загрижуваат Соединетите држави“, изјави амбасадорката во интервјуто.