Дачиќ: Не честитавме за името, поддржуваме секаков договор
![Дачиќ: Не честитавме за името, поддржуваме секаков договор](https://gdb.rferl.org/96D959BE-0A59-4DFD-B403-BAFE17172B54_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета.
“Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат”, изјави денеска Дачиќ, прашан дали Србија и честита на Македонија.
Дачиќ, на прес-конференција со неговиот колега од Либерија, рече дека договорот меѓу Атина и Скопје е билатерално прашање и дека Србија нема потреба да се вклучува, бидејќи не е поканета.
“Секако дека сакаме да се реши и посакуваме среќа и на Атина и на Скопје, да не влегуваме во тоа кој како се вика, и тоа да придонесе за стабилноста на регионот’, изјави Дачиќ.
Посочи дека сите чекаат крај на процесот околу Договорот меѓу Македонија и Атина.