Тимошенко ќе влезе во претседателската трка
“Претседателскиот кабинет за мене не е плеј стејшн, туку место за претставување на реалните промени кои требаат на нашата земја”, рече Тимошенко.
Таа најави и дека ако ја изберат за претседател ќе иницира референдум за нов Устав со кој, како што рече, ќе се демонополизира моќта на властите кои би имале поголема контрола од општеството. Тимошенко рече и дека никогаш нема да престане да се бори Крим и другите источни украински територии да се вратат под контрола на Киев.
