СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна, враќаме нивни стари долгови
![СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна, враќаме нивни стари долгови](https://gdb.rferl.org/5AAF4DFB-FF88-4311-BF6B-8CAFCC7D4E6E_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Владата одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови. Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%, реагираше владејачката СДСМ на денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата и понатаму ја задолжува државата.
„Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра. Лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ“, реагираше СДСМ.