Југоисточна и источна Европа на безбедносна конференција на Родос
![Југоисточна и источна Европа на безбедносна конференција на Родос](https://gdb.rferl.org/CB1C0DEF-8208-4E60-9B07-7AF560B095EF_cx0_cy8_cw0_w800_h450.png)
Со учество на претставници од 25 земји од Југоисточна и Источна Европа, од Блискиот Исток и Медитеранот, од денеска на грчкиот остров Родос започнува дводневната конференција за стабилност и безбедност во организација на грчкото Министерство за надворешни работи.
Конференцијата се одржува третпат, а темите за кои ќе разговараат учесниците се поврзани со заедничките предизвици во безбедноста во поширокиот регион и зајакнување на регионалната соработка за безбедност и стабилност.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека Конференцијата има амбиција да се развие во нова структура за безбедност, по моделот на ОБСЕ.