ЕУ против зголемувањето на платите на косовската Влада
![ЕУ против зголемувањето на платите на косовската Влада](https://gdb.rferl.org/B6D571EE-5D5E-4173-A49D-55C443E62016_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Во интервју за порталот „Газета Експрес“, шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова, го критикуваше зголемувањето на платите на косовскиот премиер и министрите, која беше поддржана и од Уставниот суд, јави МИА од Приштина.
Ваквата одлука, со која премиерот Рамуш Харадинај ги зголеми двојно платите за себе (од 1.430 на 2.950 евра) и членовите на Владата, според Апостолова, е спротивна на препораките на ЕУ во однос на јавната администрација.