Османи - За избори се делиме, за референдумот да се обединиме
![Османи - За избори се делиме, за референдумот да се обединиме](https://gdb.rferl.org/EAEEA58C-84AA-4C9E-8F3C-1F31C98AC2D5_cx0_cy0_cw74_w800_h450.jpg)
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во интервју за Би-Би-Си на српски јазик, изјави дека Албанците во Македонија немаат дилеми околу Договорот со Грција и дека ќе го поддржат на претстојниот референдум.
„Договорот не само затоа што ги отвора вратите кон ЕУ и НАТО, туку и го чува идентитетот на нашите сограѓани Македонци“, вели Османи во интервјуто.
Вицепремиерот додава дека неговата партија ДУИ им предложила на владините коалициски партнери да направат заедничка кампања за прифаќање на Договорот пред есенскиот референдум.
„Тоа би било првпат Македонците и Албанците да прават заедничка кампања. Секогаш се делиме на избори, а ова би можело да биде добра порака за меѓуетничките односи – заеднички да ја градиме државата и да одиме во НАТО“, вели Османи.