Северна Кореја се откажува од традиционалниот антиамерикански протест
![Северна Кореја се откажува од традиционалниот антиамерикански протест](https://gdb.rferl.org/4814F0F7-D092-4906-B517-294D08647AD7_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Пјонгјанг одлучил годинава да не се одржи традиционалниот „протест против американскиот империјализам“, со кој до сега се одбележуваше годишнината од почетокот на Корејската војна, објави Асошиејтед прес.
Ова, според коментарите, е дел од потезите на добра волја што биле договорени на историскиот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур.
Лани на овој протест на централниот плоштад во севернокорејската престолнина имаше над 100 илјади луѓе и беа издадени специјални антиамерикански поштенски марки, објави АП.