Јордан повеќе нема да прима бегалци од Сирија
„Јордан веќе прими премногу бегалци од Сирија и веќе тоа, едноставно, не можеме да го правиме“ рече портпаролката на јорданската влада, Џумана Гунајмат, и додаде дека Кралството Јордан соработува со САД и Русија за да ги заштити националните интереси.
Официјално Јордан згрижил 660 илјади сириски бегалци, а неофицијално, бројка на сириски бегалци во Јордан е двојно поголема.
