Полска останува поддржувач на евроатлантските интеграции на Македонија
![Полска останува поддржувач на евроатлантските интеграции на Македонија](https://gdb.rferl.org/BD9FF681-DD90-474F-9748-FDEFA4BD1040_w800_h450.jpg)
Полска и Македонија и понатаму, како пријателски земји, ќе бидат посветени на продлабочување на билатералната соработка во сите сфери и ќе ги интензивираат односите, особено во областа на економијата, безбедноста културата, туризмот... заклучиле премиерот Зоран Заев и полскиот амбасадор Јацек Мултановски, чиј мандат денеска завршува во Македонија.
Според соопштението од владината прес-служба, амбасадорот Мултановски рекол дека „е импресиониран од напредокот што Македонија го постигна последната година, посебно околу договорот со Грција околу спорот со името и изрази задоволство од претстојната посета на премиерот Заев, кој заедно со владина делегација, на 27 јуни ќе отпатува во Варшава и ќе се сретне со полскиот премиер Моравјецски“.