Фифор - Романија секојдневно се соочува со руска агресија
![Фифор - Романија секојдневно се соочува со руска агресија](https://gdb.rferl.org/371679A3-8CB5-4C72-8209-4449B886F4D6_w800_h450.png)
Романија секојдневно се соочува со руска агресија во Црното Море и одбива низа сајбер напади и обиди за политичко мешање, изјави денеска романскиот министер за одбрана Михај Фифор. Во интервју за новинската агенција Асошиејтед прес(АП), тој вели дека Романија се обидува да стане главен безбедносен актер во регионот и дека и дава предупредувања за заканите на државите членки на НАТО.
Нема ден без предизвик од Русија кога се во прашање романскиот воздушен простор и територијалните води, рече Фифор.