Француските месари бараат полициска заштита од вегетаријанските активисти
![Француските месари бараат полициска заштита од вегетаријанските активисти](https://gdb.rferl.org/3CC93845-7260-4BE0-9690-75BFC0FB1609_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Француските месари денеска од полицијата и од министерот за внатрешни работи Жерар Коломб побараа заштита поради нападите и насилствата од вегетаријанските активисти кои се противат на конзумирањето месо и одгледувањето животни во прехранбени цели.
„Сметаме на вашите услуги и на поддршката на целата влада за, што е можно побрзо, да престанат физичкото, вербалното и моралното насилство“ кое го трпат месарите, се наведува во писмото од француската Конфедерација на месарите и одгледувачите на животни во прехранбената индустрија.
Во соопштението се наведува дека е „шокантно“ тоа што дел од населението сака со сила да го наметне сопствениот начин на живот и идеологијата.