На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска
![На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска](https://gdb.rferl.org/00542D97-1546-4632-8AB5-9FB781B2D2A2_w800_h450.jpg)
Судијката Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесеттемина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април.
Од судот за МИА потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.
Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт за насилствата во Собранието.
Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници, уметници...