Протести во Молдавија поради поништување на резултатот од локалните избори
![Протести во Молдавија поради поништување на резултатот од локалните избори](https://gdb.rferl.org/73F2348A-1674-4DF0-9312-C2AB133D2852_w800_h450.jpg)
Во Молдавија денеска се одржаа протести откако Врховниот суд ја потврди одлуката за поништување на резултатите од гласањето на локалните избори на кои за градоначалник на Кишињев беше избран прозападниот активист во борбата против корупцијата Андреи Настасе.
Демонстрантите кои беа придружувани од Настасе на протестите пред општинската зграда во главниот град извикуваа „Долу за диктатурата“, „Долу за мафијата“ и „Нема да се повлечеме“. Протестите се одржуваат секојдневно откако подолниот суд донесе одлука дека се поништуваат резултатите од изборите поради прекршување на законите за кампања од страна на Настасе и неговиот ривал Јон Цебан.