Нови апсења на ѓуленисти во Турција
![Нови апсења на ѓуленисти во Турција](https://gdb.rferl.org/A6DDE20C-CBA4-4957-9885-C2201F07FAE6_w800_h450.jpg)
Турските власти денеска уапсиле 66 лица од вкупно 138 осомничени за поврзаност со Фетула Ѓулен, политичкиот противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, објави турската новинска агенција Анадолија.
Меѓу уапсените и осомничените има и поранешни шефови на полицијата, поранешни кадети и офицери.
Официјална Анкара го обвинува Фетула Ѓулен, кој со години живее во САД, дека стои зад неуспешниот обид за пуч во 2016 година, после кој турските власти уапсија околу 50 илјади лица, а над 110 илјади беа сменети од работните места во државните служби.