Македонија и Грција ќе договараат поевтин роаминг
![Македонија и Грција ќе договараат поевтин роаминг](https://gdb.rferl.org/C0CC4B5F-6FF3-497B-AB14-D520888C5768_w800_h450.jpg)
Македонскиот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика Никос Папас, како и телекомуникациски оператори од Македонија и Грција следниот месец ќе одржат средба за конкретни решенија и временска рамка за почеток на процедурата за намалување на цените во роаминг меѓу Грција и Македонија.
На денешната средба на Манчевски и Папас во Софија, македонскиот министер го информирал неговиот грчки колега за меморандумот за соработка и предвидените активности за намалување на цените за роаминг со Бугарија, како принцип којшто може да се примени и со Грција.