Последна рунда на разговори за Македонија на Советот на министри на ЕУ
Советот на министри на Европската унија се уште дискутира дали ќе даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија и на Албанија. Тоа е „последна шанса“ тие да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот за МИА.
Франција и Холандија остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот кој го напушти состанокот ги нарече дискусиите за Македонија „разочарувачки“.