Влада: ЕУ ја препозна Македонија како земја на позитивни промени
![Влада: ЕУ ја препозна Македонија како земја на позитивни промени](https://gdb.rferl.org/FA905B58-04FA-40E3-93B7-3C90F34C802F_cx41_cy2_cw59_w800_h450.jpg)
Од Владата по денешната одлука на Советот на министри на ЕУ за отворање на пристапни преговори со Македонија во јуни, 2019 година, соопштија дека ова е уште еден голем ден и признание за земјата.
„Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Од Владата порачуваат дека Патот на реформи и градењето на Македонија како држава по европски правила, е неповратен процес и останува на реформскиот курс.