Отворање на пристапни преговори со Македонија во јуни 2019
![Отворање на пристапни преговори со Македонија во јуни 2019](https://gdb.rferl.org/D5654E97-81F2-4B21-A28A-8F7FC66F418B_w800_h450.jpg)
Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер напиша дека Советот на министри на ЕУ донел одлука за отпочнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија.
„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“ напиша Хан на неговиот Твитер профил.
Отворањето на преговорите за Македонија, како што јави МИА е условено со спроведување на реформите. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни, 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.