Турција ја обвини ЕУ за лицемерие
![Турција ја обвини ЕУ за лицемерие](https://gdb.rferl.org/194527B5-188B-44FA-A131-C266C3EA78F3_cx30_cy41_cw61_w800_h450.jpg)
ЕУ уште еднаш демонстрира неправеден и нечесен однос кон Турција, обвини Анкара, откако Советот на Унијата вчера оцени дека преговорите кои ги води Турција за членство стагнираат, а земјата се повеќе се оддалечува од Унијата.
„Изјавите дека нашата земја се оддалечува од ЕУ се лицемерни и не се соодветни на ситуацијата“, се вели во соопштение на турското Министерство за надворешни работи.
Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ пред 13 години.