Во Белград уапсена мигрантка-проститутка под сомнение дека со ХИВ заразила неколку клиенти
![Во Белград уапсена мигрантка-проститутка под сомнение дека со ХИВ заразила неколку клиенти](https://gdb.rferl.org/D4E58A57-8F8D-4D79-892E-516F5B3F5730_cx22_cy3_cw79_w800_h450.jpg)
Мигрантка од Јордан била уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“.
Полицајци ја нашла 38-годишната мигрантка Фатима, како е именувана во српските медиуми, на улица во Белград и кога се обиделе да и напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена.
Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица.