Оставка на Александар Поповски од Управниот одбор на МНТ
![Оставка на Александар Поповски од Управниот одбор на МНТ](https://gdb.rferl.org/DB5C1707-1B25-4264-89CC-D6DD2116B3B7_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Незадоволен од состојбите во Македонскиот народен театар, неназначувањето директор и нов уметнички раководител цела една година, нерасчистена ситуација во однос на моменталните финансиски обврски и посебно од молкот на надлежните институции за овие проблеми, режисерот Александар Поповски си поднесе оставка на местото претседател на Управниот одбор на оваа наша национална куќа.