Владата на Бојко Борисов по втор пат се спаси од недоверба
![Владата на Бојко Борисов по втор пат се спаси од недоверба](https://gdb.rferl.org/85FB571B-2C6A-4C35-85D5-047EDDC19E37_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Бугарската опозиција денеска не успеа да ѝ изгласа недоверба на владата на Бојко Борисов, а која ја бараше поради „неуспешна борба против нараснатиот криминал и неможноста да гарантира владеење на правото“.
Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа против, а петмина беа воздржани. Ова е второ гласање за недоверба со кое се соочи владата на Борисов, откако неговата партија ГЕРБ минатата година дојде на власт.