Џафери: Постои исто решение за Договорот со Грција и за законот за јазици
![Џафери: Постои исто решение за Договорот со Грција и за законот за јазици](https://gdb.rferl.org/718BFABC-425B-4F23-BCF1-E2F706F475F5_cx10_cy10_cw55_w800_h450.jpg)
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска изјави дека „ако и по втор пат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов не го потпише указот за Договорот со Грција и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто решение и за тој договор, но и за Законот за употреба на јазиците, а едно од тие решенија е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот“.
Џафери, сепак, како што рече, остава простор Иванов да се премисли и да го потпише Договорот, во овој, како што наведе, историски момент за државата. Претседателот на Собранието најави дека повторното гласање на Договорот со грција во Собранието ќе биде на 5 или на 6 јули.