СЗО: Протоколот против шверцот на цигари во сила од септември
Меѓународниот протокол за борба против шверц на цигари, кој во ноември 2012 година го усвоија 170 земји, ќе стапи во сила во септември, откако во средата го ратификуваше и Велика Британија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Со британската ратификација „достигнат е потребниот број на страни во Протоколот“, односно 40 ратификации, нагласи СЗО. Документот ќе стапи во сила за 90 денови, поточно на 25 септември.
„Ова е историски ден во борбата против цигарите“, напиша на Твитер шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, оценувајќи го Протоколот како „суштинска етапа кон свет без цигари“.